А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Комисијата за односи со верските заедници на православните верници им го честита Успението на Пресвета Богородица

by А1он27/08/2013 - 10:45148
Share0

По повод празник Успение на Пресвета Богородица Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи денеска упати честитка до поглаварот на МПЦ ахриепископот охридски и македонски г.г. Стефан и православните верници.

Добивај вести на вибер

– На овој голем Православен христијански празник ја славиме големата љубов и добродетел на Мајката Божја, присетувајќи се притоа на најголемата љубов, а тоа е љубовта кон својот ближен, која го осветлува и облагородува животот на секој човек. Нејзиниот благороден лик и дело се запалена свеќа која им се јави на оние што беа во темнина, а нејзиниот светол лик е сила во тешките мигови, исцеление на нашите рани и вознес кон светите божји вредности. Успението на Пресвета Богородица е сведоштво за тоа дека таа е меѓу нас, само треба да ги отвориме нашите срца и души за да ги примиме нејзините небески зраци, се вели во честитката.

Чествувајќи го овој празник, се додава во неа, да се присетиме на големиот духовен оган кој за нас го запали Мајката Божја со кој го победи стравот и предрасудите и ја зацврсти љубовта на човек кон човека, на човека кон Бога. Затоа, на овој голем празник заедно да се помолиме за здравје, меѓусебна љубов и благодет во нашите семејства и во целиот свет воопшто.

praznici

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Катерина Ѓуровски01/01/2025 - 08:26

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Катерина Ѓуровски30/12/2023 - 16:05

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on26/12/2023 - 19:58

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска31/05/2023 - 09:13

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:57

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен