ЕУ амбасадорот Гир го предаде Извештајот на Европската комисија на Ковачевски и на Џафери

Од:

На средба во Владата на Република Македонија денеска амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир го предаде Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година, на премиерот Димитар Ковачевски. На состанокот на кој се дискутираше за Извештајот и очекувањата за текот на евроинтеграцискиот процес на државата и нејзината подготвеност, присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Премиерот Ковачевски на состанокот истакна благодарност до Европската Унија за препознатиот напредок на земјата во повеќе области и посочи дека ќе следи детална анализа на Извештајот со која ќе се утврдат областите на кои ќе треба поинтензивно да работиме.

Премиерот Ковачевски истакна дека Република Северна Македонија останува со силна заложба за спроведување на реформските процеси и целосно усогласување на домашното со европското законодавство.

Премиерот Ковачевски посочи дека стратешка цел на Владата е Република Северна Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија. Овој процес веќе го започнавме летово и очекуваме тој да се финализира до 2030 година.

Евроамбасадорот Гир извештајот му го предаде и на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Следен чекор е самит Путин-Трамп-Зеленски, порачаа лидерите на Европската унија

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Европските лидери со заедничка изјава за Украина: Дипломатско решение мора да ги заштити клучните безбедносни интереси

А1он

ЕУ сака да воведе санкции против Израел, но Германија и Италија одложуваат

ЕУ и Трамп се многу блиску до договор за царините

Катерина Ѓуровски

Македонија ќе ја следи Европа во политиките за санкции кон Русија

Катерина Ѓуровски