На руските канали Телеграм се појави видео на кое, се гледа група мобилизирани руски војници во Украина. Војниците на видеото велат дека неодамна биле мобилизирани и испратени во Сватово во областа Луганск.
Тие се жалат дека ја напуштиле Москва еден ден пред да го снимат видеото и дека пукале само еднаш од огнено оружје пред да бидат испратени на линијата на фронтот во Украина.
Повеќе детали од снимката упатуваат на тоа дека навистина се работи за руски војници анализираат дел од странските медиуми. Еден од аргументите за веродостојноста е тоа што војниците носат стандардна руска униформа со маскирна шема позната како „дигитална флора“.
Двете оружја што може да се видат на видеото се варијанти на калашников, автоматска пушка која е во широка употреба во руската војска.