Вархеји: Албанија постигна напредок, важен е консензусот на сите политички актери

Од:

Албанија продолжи да напредува и даде резултати. Реформата во судството и тековниот процес на проверка( ветинг) се примери за добра работа, изјави комесарот Оливер Вархеји во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, каде го презентираше годишниот извештај за проширувањето на ЕУ, јави Топ чанел.

Порачал дека сè уште треба да се работи на прашањата за реформите во правосудството, слободата на говорот, корупцијата, правата на сопственост, малцинските прашања и слободата на медиумите.

– Ова го кажавме и минатата година, но овие предизвици се важни за нас. Политичката посветеност и консензус на сите политички актери и независна и професионална администрација се од суштинско значење, рекол Вархеји.

Посебно ја поздравил Албанија што ја „задржала 100 отсто европската линија за војната во Украина”.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски