Поранешен офицер на руските воздухопловни сили: Путин се плаши од бунт на генералите

Од:

Поранешен офицер на руските воздухопловни сили изјави за Би-Би-Си дека Владимир Путин се плаши од бунт на неговите генерали.

Глеб Ирисов, поранешен офицер кој побегнал од Русија, работел и како воен дописник за руска новинска агенција. Тој вели дека го познава новиот руски командант задолжен за војната во Украина, Сергеј Суровикин.

Ирисов вели дека Суровикин е назначен на функцијата затоа што е „длабоко лојален“ на рускиот режим и лично на претседателот Путин. Тој додава дека рускиот претседател „сега се плаши од некаков револт на генералите“.

Поранешниот офицер на руските воздухопловни сили вели дека почнал да им се спротивставува на руските власти уште додека бил во војска, пред се поради фактот што раководството на армијата, но и политиката ги запоставува сопствените војници.

Тој ја опиша руската војна во Украина како „катастрофа за Украина и Русија“ и опасност за целиот свет. Ирисов е песимист за шансите за наскоро промена на режимот во Русија, и покрај „огромните жртви и тешките економски последици“ од војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме никој да ни се заканува

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин