Тропската бура „Џулија“ стигна до Никарагва, оштетени стотици куќи

Од:

Тропската бура „Џулија“ синоќа пристигна над источниот дел на Тихиот Океан, откако ја зафати Никарагва со дожд и ветрови што оштетија стотици станбени објекти.

Локалните власти во соседен Хондурас претходно известија за три смртни случаи во невремето, вклучувајќи жена и четиригодишно момче кои се удавиле откако нивниот брод се превртел во близина на границата со Никарагва. Третата жртва е 22-годишна девојка која била однесена од порој.

Бурата вчера изутрината ја погоди карипската страна на Никарагва, областа во близина на Лагуна де Перлас со центарот на невремето на околу 220 километри југоисточно од градот Салвадор.

Според американскиот Национален центар за урагани, се очекува „Џулија“ да се поместува кон север долж крајбрежјето на Хондурас, Ел Салвадор и на Гватемала.

Околу милион жители на крајбрежниот дел на Никарагва останаа без струја и Интернет поради соборените далноводи, како и одлуката на Владата да го исклучи напојувањето со електрична енергија во одредени области од безбедносни причини, изјави потпретседателот на Никарагва Розарио Муриљо.

Националниот систем за катастрофи на Никарагва вчера соопшти дека целата земја е во црвена тревога откако обилните врнежи предизвикаа излевање на неколку реки.

Директорот на системот за справување со елементарни непогоди Гилјермо Гонзалес пред медиумите изјави дека нема смртни случаи во земјата, но оти повеќе од 13 илјади семејства се евакуирани, а повеќе од 800 куќи поплавени.

„Оваа ситуација сè уште не е завршена“, предупреди Гонзалес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ санкциите против Никарагва продолжени за уште една година

Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија

Бајден им забрани на претседателот на Никарагва и неговите министри да влезат во САД

Ана Ололовска

ЕУ го осуди автократскиот режим во Никарагва по претседателските избори

А1он

Ортега обезбеди реизбор за четврти мандат на изборите во Никарагва

Ана Ололовска

Борел: Претседателските избори во Никарагва ќе бидат лажни

А1он