Шефот на британската дипломатија, Вилијам Хејг изјави денес дека дипломатскиот притисок не влијаел врз сириската влада и нагласи дека одговорот на наводната употреба на хемиско оружје во Сирија е можно без потполно единство во Советот за безбедност, при Обединетите нации.
Тој го обвини Советот дека не презел одговорност поради кризата во Сирија и констатираше дека несогласувањето на петте членки долго време спречил некаква акција.
-Дали е можно да се одговори на хемиско оружје без потполно единство во Советот први ОН? Тврдам дека е-изјави Хејг.
Според него акцијата би била во согласност со меѓународните права.
-Не можеме во 21 век да дозволиме користење на хемиско оружје да помине не казнето-оцени тој и додаде дека инспекторите на ОН можеби нема да најдат доволно докази кои ќе ја потврдат употребата на тоа оружје.
Елена Георгиевска