Драстично зголемена употребата на антидепресиви по објавената мобилизација во Русија

Од:

Продажбата на антидепресиви во руските аптеки се зголеми откако претседателот Владимир Путин на 21 септември објави делумна мобилизација на 300.000 резервисти, јави ТАСС.

Во текот на неделата од 19 до 25 септември, продажбата се зголеми за 120 отсто, покажуваат податоците на руската фармацевтска компанија за маркетинг DSM Group.

Претседателката на Алијансата на фармацевтските здруженија, Викторија Пресњакова, за ТАСС изјави дека од почетокот на воените дејствија на 24 февруари, побарувачката за антидепресиви, апчиња за спиење и средства за смирување е значително зголемена во споредба со претходните години.

Според неа, тоа се должи на „геополитичката и економската ситуација“.

Според Пресњакова, има многу пациенти на кои по првпат им биле препишани такви лекови. Меѓутоа, за да се смират, луѓето купуваат и лекови без рецепт. Во руските аптеки, многу лекови се продаваат слободно, а за кои е потребен рецепт во другите европски земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија со дронови го нападна југот на Украина

Медведев: Оваа година 280.000 луѓе се пријавија за руската армија

Вагнер се повлекува од Бахмут на 10 мај

Катерина Ѓуровски

Британија: Кремљ веројатно подготвува широка мобилизација

Русија призна дека извршила повеќе од 9.000 нелегални мобилизации

Катерина Ѓуровски

Британија: Русија се уште ја разгледува можноста за делумна мобилизација