Румен Радев одбива да ја потпише декларацијата за членство на Украина во НАТО

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев одби да го потпише целиот текст на декларацијата на деветте источноевропски земји поради член со кој се поддржува влезот на Украина во НАТО, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.

Документот беше потпишан на 2 октомври од претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора, Словачка и Полска.

„Румен Радев не се согласува со целиот текст на декларацијата што ја усвоија некои источноевропски земји на тема членство на Украина во НАТО. Претседателот поддржува други позиции кои се наоѓаат во документот“, се вели во соопштението јави вчера БТА.

Иако Бугарија на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година потпиша декларација за идното членство на Украина, тоа се случуваше во сосема поинаква безбедносна ситуација.

Радев смета дека одлуката за членство на Украина во НАТО треба да биде донесена дури откако Русија и Украина како страни во конфликтот ќе елаборираат, прифатат и спроведат јасни параметри за мирно решение.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Украина поднесува барање за забрзано членство во НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски