Радев: Испораките на оружје за Украина ќе доведат до уште поголемо уништување

Од:

Испораките на оружје за Украина ќе доведат до уште поголемо уништување, предупреди бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев посочи дека многу европски лидери грешат кога мислат дека испраќањето дополнително оружје и демонстрацијата на сила ќе донесе мир во Украина.

„Јасно е дека тоа нема да се случи и дека ќе доведе до повеќе уништувања, повеќе жртви, подалеку од мирот и губење на уште поголема територија за Украина“, рече тој за време на говорот на форумот во рамките на процесот Акаба во Софија, пренесе државната новинска агенција БТА.

Радев предупреди дека регионалните конфликти можат брзо да се претворат во глобални и додаде: „Балканот е особено чувствителен кога станува збор за безбедноста бидејќи директно ги трпи последиците од воените конфликти во областа, конфликти кои поттикнуваат нелегална трговија со луѓе, миграција, радикализација и тероризам“.

Тој исто така нагласи дека меѓународната заедница „мора да ја напушти илузијата“ дека мирот и безбедноста може да се обезбедат за некои земји или региони на сметка на други.

Би можело да ве интересира

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Радев го доби мандатот за формирање влада во Бугарија

Партијата на Румен Радев убедлив победник на изборите во Бугарија

А1он

Радев и официјално од денес не е бугарски претседател

Радев денес ја поднесе својата оставка до Уставниот суд