Кристијано Роналдо побарал помош од канадскиот психологот Џордан Петерсон. Португалецот пред две недели објави фотографија со Петерсон на Инстаграм, но не објасни зошто се заедно. Психологот накратко проговори за нивната средба во емисијата на Пирс Морган.
„Пред неколку месеци имаше некои проблеми во животот. Еден пријател му испрати некои од моите видеа. Тој рече дека ги гледал, потоа ја прочитал мојата книга за која мисли дека му помогнала, а потоа сакаше да разговараме. Бев кај него и разговаравме околу два часа. Ми ја покажа опремата што ја користи за да остане во топ форма, разговаравме за неговите компании… Главно за тоа што сака во иднина и за пречките со кои се соочува“, изјави Петерсон, кој како доктор не смее да да открива детали.
Оваа сезона 37. годишниот Роналдо постигна еден гол на осум настапи за Манчестер Јунајтед. Тоа беше во Лига Европа против Шериф, додека во англиското првенство се уште се немаше запишано меѓу стрелците.
Тренерот Ерик Тен Хаг не го гледа како прва опција, а Роналдо во текот на летото се обиде, но не успеа да најде клуб, кој игра во Лигата на шампионите.
Извор: Тоспорт