Трудо: Канада ќе воведе нови санкции кон Москва за „лажните“ референдуми

Од:

Канада ќе воведе нови санкции кон Москва поради „лажните“ руски референдуми во четири окупирани украински региони, изјави премиерот Џастин Трудо.

-Канада никогаш нема да ги признае резултатите од референдумите или обидот на Русија за илегална анексија на украински територии, рече канадскиот премиер.

„Имаме намера да воведеме нови санкции против поединци и ентитети кои се вклучени во овој последен обид за поткопување на принципите на државниот суверенитет и кои ја споделуваат одговорноста за бесмисленото крвопролевање низ Украина што се случува во моментов“, рече Трудо во изјавата.

Проруските власти во окупираните украински региони известија дека мнозинството од населението гласало за приклучување кон Русија на референдумите кои Киев и Западот ги осудија како лажни.

Референдуми беа спроведена во четири региони – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои сочинуваат околу 15 отсто од украинската територија.

Трудо додаде дека Канада заедно со меѓународните партнери и сојузници работи на заедничкото отфрлање на „нелегитимните гласови“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија