Столтенберг: Употребата на нуклеарно оружје од страна на Русија е неприфатлива

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека секоја употреба на нуклеарно оружје е неприфатлива и доколку Русија го употреби, тоа ќе има сериозни последици.

„Секоја употреба на нуклеарно оружје е апсолутно неприфатлива, тоа целосно ќе ја промени природата на конфликтот, а Русија мора да знае дека во нуклеарна војна не може да се победи и дека таква војна никогаш не смее да се води“, рече Столтенберг.

„Кога повторно и повторно гледаме таква нуклеарна реторика од Русија, од претседателот на Русија Владимир Путин, тоа е нешто што мораме сериозно да го сфатиме и затоа испраќаме јасна порака дека тоа ќе има тешки последици за Русија“, вели генералниот секретар на Северноатлантската алијанса.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски