Снимките од воздух покажуваат огромни редици камиони и автомобили кои чекаат да ја преминат границата од Русија во Грузија на контролниот пункт Ларс, објави Скај њуз.
Verkhny Lars checkpoint. #Russians are leaving for #Georgia in droves to avoid mobilization
After the mobilization was announced, 261,000 men left Russia, reports "Novaya Gazeta. Europe", citing a source in the presidential administration. pic.twitter.com/7jRwoU7cmA
— NEXTA (@nexta_tv) September 26, 2022
Најавата за делумна мобилизација предизвика протести и егзодус од цела Русија. Сателитските снимки, објавени од Максар, покажуваат конвој од автомобили и камиони долга 16 километри северно од граничниот премин.
NEXTA објави снимка од беспилотно летало на која се гледа конвој возила што се упатува кон границата со Грузија. „Вака изгледа Верни Ларс од дрон. Огромна линија на автомобили“, напишаа тие.