Редици Руси чекаат за влез во Грузија, опозицијата побара воведување визи и затворање на границите

Од:

Фотографии и видео материјал на социјалните мрежи од границата меѓу Русија и Грузија покажуваат долги редици сообраќај низ планински премин.

„Си-ен-ен“ пишува дека луѓе чекаат до 48 часа за да влезат во Грузија.

Редици се насобраа на Верхни Ларс од Северна Осетија кон Грузија и на други гранични премини, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела соопшти за делумна мобилизација.

На видеа може да се види како семејства и само машки лица чекаат да го поминат граничниот премин. Луѓе се доближуваат до преминот и пеш, влечејќи куфери.

Среде ненадејниот прилив, „ја притискавме владата да воведе визи и, или, да ги затвори границите“, изјави за „Си-ен-ен“, опозициската политичарка во Грузија, Нона Мамулашвили.

Засега, се чини границата сè уште е отворена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ