Османи: Македонија нема да ги признае резултатите од референдумите за отцепување на Украина

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека Македонија нема да ги признае референдумите за отцепување на украинските териториии и нивно присоединување кон Русија.

– Генерално светската безбедносна архитектура која е изградена со ООН и ОБСЕ гарантираше мир во малите земји. Тоа што го направи Русија е директно кршење на меѓународните принципи кои гарантираат суверенетите, интегритет и признавање на границите.

Ова го стави светот под ризик на нови војни, конфликти, нови пристапи од типот поголеми држави да напаѓаат помали земји. Мора да разговараме за последиците од рушењето на меѓународнтоо право, од лажирање и создавање манипулативни референдуми за лажно алиби за анектирањето на територии. Ние нема да признаеме такви референдуми – рече Османи на брифингот во МНР.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски