Како што пренесува независниот руски медиум МедиаЗона, во градот Уст-Илимск во регионот Иркутск, млад човек со пушка нападнал воена канцеларија за регрутирање, а видеото од нападот се прошири на социјалните мрежи.
❗️В Усть-Илимске Иркутской области мужчина открыл стрельбу в военкомате. Начальник военной комиссии раненhttps://t.co/GEOz5JgHyI
Видео: «Тайга.инфо» pic.twitter.com/5cRzI8nRCY
— Медиазона (@mediazzzona) September 26, 2022
На снимката се гледа како маж со пушка отвора оган додека луѓето во канцеларијата за регрутирање на војската бегаат врескајќи.
Како што јави Таига.инфо, во нападот има и ранети, меѓу кои и шефот на канцеларијата за регрутирање. Се уште не е познат бројот на ранетите. Порталот База објави видео од уапсениот напаѓач, кој е идентификуван како 25-годишниот Зинин Руслан, жител на Уст-Илимск.