Тачи: Јас ќе решам кога ќе има избори

Од:

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи за денешното издание на весникот „Фокус“, им порачува на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека тој ќе одлучи кога ќе има избори.

Тачи тврди дека не е во договор со никого, но клучот дали ќе има предвремени избори не е во ниту во ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај ДУИ, туку кај него, пишува дневниот „Фокус“.

ДПА веќе побара итна собраниска седница за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори.

За да се излезе од ќорсокакот во кој се најде Македонија по НАТО самитот, и доколку не се најде компромис меѓу власта и опозицијата, вонредни избори бараат и партијата на Руфи Османи и Коалицијата Достоинство-Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?