Најмалку 77 мигранти удавени во бродоломот во близина на сирискиот брег

Од:

Најмалку 77 мигранти се удавија во близина на брегот на Сирија, откако потона чамец што исплови од Либан, изјави денеска сирискиот министер за здравство Хасан ал Габаш.

Околу сто и педесет лица, главно Либанци и Сиријци, се наоѓале на чамецот што потона близу градот Тартус.

– Бројот на жртвите достигна 77, а 20 лица се згрижени во болницата „Ал Басел“ во Тартус, појасни сирискиот министер.

Во текот на изминатиот месец, илјадници Либанци, Сиријци и Палестинци го напуштија Либан и преку море се упатија кон Европа.

Во Либан живеат околу шест милиони луѓе, вклучувајќи и повеќе од милион сириски бегалци. Над три четвртини од населението живее во сиромаштија поради економската криза во земјата од 2019 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски