Столтенберг ја осуди „нуклеарната реторика“ на Путин

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја осуди „опасната нуклеарна реторика“ на рускиот претседател Владимир Путин, кој изјави дека е подготвен да ги искористи „сите средства“ од својот арсенал против Западот.

Ова е опасна нуклеарна реторика Ова не е ново … Ќе останеме смирени и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, истакна Столтенберг на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Путин при денешното објавување на наредбата за делумна мобилизација, посочи дека Русија има помодерно оружје од она на НАТО и дека доколку постои закана за територијалниот интегритет на Русија, ќе бидат искористени сите средства. Тој додаде дека Западот сака да ја уништи Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

Песков: Очекувањата за средбата Путин-Трамп се големи, но работите се покомпликувани

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“