Тимот на Баерн Минхен, тешко дојде до трите бодови во денешниот дуел против Нирнберг (2-0) во 3. коло од Бундеслигата со што им се приклучи на Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и на Мајнц, кои исто така имаат стоотстотен ефект досега.
Рибери во 69. и Робен во 78. минута беа творци на победата на „баварците“.
Резултати (3.коло): Баерн Минхен – Нирнберг 2-0, Хофенхајм – Фрајбург 3-3, Хановер – Шалке 2-1, Мајнц – Волфсбург 2-0, Баер Л – Борусија Мехенгладбах 4-2.
Табела: Борусија Д. 9 бода, Баерн М. 9, Баер Л. 9, Мајнц 9, Вердер 6, Хановер 6, Хофенхајм 5…