Бајден: Американските сили би го бранеле Тајван, доколку Кина го нападне островот

Од:

Американските сили би го бранеле Тајван, доколку Кина го нападне островот, изјави претседателот на САД, Џо Бајден.

Во интервју за Си-би-ес, на прашањето „дали Американците би го бранеле Тајван во случај на кинеска инвазија“, тој одговори со „да, доколку би дошло до напад без преседан“.

Бајден нагласи и дека „не го охрабрува“ островот да прогласи формална независност.

– Тоа е нивна одлука, додаде американскиот претседател.

Како што пишуваат некои медиуми, Бајден ја даде изјавата во време кога има значително приближување на САД и Тајван. Но и во период кога односите меѓу Пек инг и Вашингтон се на најниско ниво во изминатите неколку децении, пренесува Бета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И холивудските филмови станаа дел од трговската војна меѓу САД и Кина

ВИДЕО: Кина го сподели говорот на Реган против царините од 1987

(ВИДЕО) Трамп се заканува, Кина не се предава: беснее војната со тарифите

Катерина Ѓуровски

Трамп се закани со нови царини за кинеските стоки – стапката може да достигне и до 104 отсто

Предраг Петровиќ

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата