Гринпис ја блокира испораката на руски гас во Финска

Од:

Активистите на Гринпис денеска ја блокираа испораката на руски гас на терминалот за течен природен гас во Торни, северна Финска.

Активистите се качиле на бродовите и спречиле достава на руски природен гас. Поради тоа двата брода се надвор од терминалот, во близина на шведската граница.

– Целосно е неприфатливо рускиот гас сè уште да биде дозволен да циркулира во Финска, повеќе од шест месеци по почетокот на инвазијата на Путин врз Украина, изјави Оли Таинен од Гринпис.

Тој додаде дека Владата на премиерката Сана Марин веднаш треба да го забрани целиот увоз на руски фосилни горива.

Засега нема европски санкции на увоз на гас од Русија, санкциите се воведени само за нафта и јаглен.

Русија во мај ја прекина испораката на гас во Финска, наведувајќи проблеми со плаќањата, но рускиот течен природен гас продолжи да се испорачува со брод.

Минатата недела, активисти на Гринпис, исто така, ја блокираа испораката на руски гас на терминал за природен гас во близина на Стокхолм, Шведска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицијата бркаше активисти на аеродромот во Амстердам, возеа велосипеди и блокираа авиони

ВИДЕО: Активсти на Гринпис прекинаа партиски говор на Лиз Трас

Еколошките организации против зелената класификација на ЕУ за гас и нуклеарна енергија

Ана Ололовска

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка

Ана Ололовска

Активисти на Гринпис протестираат против увозот на руска нафта во ЕУ

Ана Ололовска

Гринпис: Загадената вода од Фукушима ако се исфрли во Пацификот може да и наштети на човековата ДНК

Ана Ололовска