Еколошките организации против зелената класификација на ЕУ за гас и нуклеарна енергија

Од:

Екологистите планираат правна постапка против новите правила на Европската унија кои ги нарекуваат идните инвестиции во нуклеарните централи и гасната инфраструктура еколошки, се вели во денешното соопштение.

Група еколошки организации, вклучително Гринпис, ВВФ и германскиот БУНД, ја повикаа Европската комисија да ги преиспита правилата и да ги повлече.

Доколку Комисијата не ги повлече, организациите ќе се обидат да ги оспорат пред Европскиот суд на правдата (ЕСП).

Од јануари гасот и нуклеарната енергија треба да бидат вклучени во таканаречената таксономија која ги одредува областите во кои граѓаните и компаниите можат да инвестираат за борба против климатските промени.

Таа одлука има поддршка од Европскиот парламент и неговите членови и покрај критиките дека согорувањето на гас произведува јаглерод диоксид и дека се уште нема конечно решение за радиоактивниот отпад, пишува ДПА.

Еколошките организации сметаат дека оваа класификација ги прекршува европските закони за борба против климатските промени и дека е спротивна на климатскиот договор од Париз за ограничување на затоплувањето на Земјата на 1,5 степени во однос на прединдустрискиот период.

Дел од активистите посочуваат дека високите цени на бензинот се главната причина за растот на животните трошоци на континентот и оти затоа промоцијата на овој енергенс е во спротивност со целите на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицијата бркаше активисти на аеродромот во Амстердам, возеа велосипеди и блокираа авиони

ВИДЕО: Активсти на Гринпис прекинаа партиски говор на Лиз Трас

Гринпис ја блокира испораката на руски гас во Финска

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка

Ана Ололовска

Активисти на Гринпис протестираат против увозот на руска нафта во ЕУ

Ана Ололовска

Гринпис: Загадената вода од Фукушима ако се исфрли во Пацификот може да и наштети на човековата ДНК

Ана Ололовска