Навивачите на Шалке 04 се одлучија да креираат ново лого на нивниот миленик и тоа со сонцето од Вергина.
Новото лого на „УГЕ“ ќе биде нивни заштитен знак на следните натпревари на клубот.
А истото лого без малку сите членови на навивачката група од Гелзенкирхен веќе го поставија како профил слика на нивните фејсбук профили.
Поголемиот дел како заштитна своја слика го поставија, пак, старото македонско знаме, кое им пречи на Грците, со сонцето на Вергина.
Сето ова започна по акцијата на германската полиција да го одземе македонското знаме од страна на навивачите на Шалке 04 на натпреварот од Лигата на шампионите против грчки ПАОК.