(ВИДЕО) Големо невреме во Србија: Поплавени улици и низа сообраќајни несреќи поради слаба видливост

Од:

Денешното невреме кое ја зафати Србија им создаде големи проблеми на граѓаните и предизвика низа сообраќајни несреќи. Во Врбас бурниот ветер го однел покривот на фабриката. Според прогнозата, во наредните два часа дожд и врнежи со грмежи ќе има во Војводина, Колубара, Браничевски округ, Шумадија и во подрачјето на Белград.

Во видеата на Инстаграм можат да се видат неколку сообраќајни несреќи предизвикани од слаба видливост и обилни врнежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

На автопатот од Белград кон Нови Сад се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила.

Поради несреќата се создале долги колони од бавни автомобили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Во Белград, дождот што го зафати градот рано во вечерните часови предизвика поплави на улиците. Така, спуштањето со автомобилот од Панчевачки мост кон градот било тешко бидејќи на улиците имало многу вода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Исто така, на многу места реки течеа низ улиците. Во улицата Јована Рашковиќ во белградската населба Алта, водата целосно ги покрила коловозот и тротоарот, што го отежнувало движењето на граѓаните.

Во Врбас невреме го урна покривот на фабриката.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта

Изгласана новата Влада на Србија

Пеку ден облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд