Голем пожар ја зафати кулата на Кинескиот телеком, од која се крена густ и висок столб од црн чад, јавија азиските медиуми. Видеото споделено на социјалните мрежи се чини дека покажува десетици луѓе како бегаат од облакодерот, додека пламените остатоци паѓаат од горните катови.
Пожарот изгоре десетици ката од облакодерот, кој е во сопственост на државната телекомуникациска компанија Кина Телеком.
– Десетици катови од кулата горат со висок интензитет. Пожарникарите го локализираа, објави државната телевизија „CCTV“, без да наведува дали имало жртви и која била причината за пожарот во кулата висока 720 метри.
This afternoon, the building of China Telecom building in Changsha长沙caught fire, no casualties reported yet, stay safe everyone! ? pic.twitter.com/QNnezk2Mxk
— China in Pictures (@tongbingxue) September 16, 2022
Чангша има десетина милиони жители и е главен град на провинцијата Хунан.
Противпожарната служба на градот соопшти дека испратила 280 пожарникари кои успеале брзо да го изгаснат пожарот во зградата висока 720 метри.
Првичната фотографија објавена од CCTV покажува портокалови пламени кои се разгоруваат низ зградата во населена област на градот додека црн чад се издигнува на небото.
Подоцнежната слика споделена на социјалните мрежи покажа дека пламените јазици стивнале, бидејќи персоналот за итни случаи прскал со млаз вода врз неговата јагленосана фасада.
Кинески Телеком во соопштение на социјалните мрежи соопшти: „Денеска околу 16:30 часот, пожарот во нашата кула за комуникации број 2 во Чангша е изгаснат“.
Се додава дека не се пријавени повредени или смртни случаи и дека нема прекини во услугите на мобилните телефони, но корисниците на социјалните мрежи се пожалија дека не можат да ги користат своите телефони.