Српскиот клинички центар соопшти дека по интензивната терапија и нега, кои се применети вчера и во текот на ноќта, дошло до мало подобрување на свеста на вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, Јованка Броз, но и понатаму е нестабилна.
Во соопштението се наведува дека Броз е под постојан интензивен и лекарски надзор и дека нејзината состојба детално ќе се следи и ќе се применуваат мерките кои се вообичаени за оваа состојба.
– Доколку има било какви промени во состојбата на Броз, Ургентниот центар ќе се огласи со соопштение во текот на денот, а доколку нема промени, соопштението за нејзината состојба ќе го објавиме следните денови – се наведува во соопштението.
Како што рекол директорот на Ургентниот центар, Златибор Лончар, првите резултати покажуваат почеток на сепса.