Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

Од:

По пристигнувањето во Балморал, принцот Хари не вечерал со својот татко, кралот Чарлс и братот Вилијам, туку во друга куќа заедно со принцезата Ана, принцот Ендру и Едвард.

Кога принцот Хари пристигнал во Балморал, останал со принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард. Принцот Хари „јадел одвоено во друга куќа“ од неговиот татко, кралот Чарлс и братот принцот Вилијам, ноќта кога умрела кралицата, пренесува 7Nws.

Неименуван извор откри дека раздорот меѓу браќата бил многу очигледен, при што Хари наводно одбил да се качи на авионот за Шкотска во кој биле Вилијам и нивните чичковци принцот Едвард и принцот Ендру, објави Сан. Наместо тоа, Хари пристигна сам со посебен авион кој слета во Шкотска.

Кога Хари пристигнал во Балморал, тој наводно останал подалеку од другата половина од семејството кое се повлекло во домот на кралот Чарлс во имотот Балморал. Таа група го вклучуваше потесното семејство на Хари: Чарлс и Вилијам и кралицата Камила.

Принцот Хари не вечерал со кралот Чарлс и принцот Вилијам – кралскиот имот беше домаќин на две вечери и имаше јасна поделба. Едниот беше за новиот крал и неговиот наследник, а другиот беше за остатокот од семејството“, изјави извор за The Sun.

Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му затоа што не му било дозволено. Двајцата наводно не му веруваат на Хари и се плашеле дека содржината на нивниот разговор ќе стане јавна.

Изворите велат дека кралското семејство се плаши дека Хари би можел да открие приватни работи во своите мемоари и дека би можел да и каже на својата сопруга Меган Маркл.

„Затоа тој разговор се водел меѓу кралот, кралицата и наследникот“, рекол изворот.

Би можело да ве интересира

Меган Маркл и принцот Хари се договорија да тргнат по својот пат

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Принцезата Шарлот и принцот Џорџ наскоро ќе мора да бидат разделени

Предраг Петровиќ

Принцот Хари е нервозен

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он