Ремко Евенепел стана првиот велосипедист во богатата историја на Квик Степ-Алфа Винил тимот кој стигнал до победа на една од големите трки, триумфирајќи на Вуелта Еспања, откако водеше во трката од шестата етапа.
22-годишниот Белгиец имаше тежок пад во 12. етапа, но успеа да се одбрани во следните етапи од нападите на актуелниот шампион, Примож Роглич, за на крајот денеска да стигне во Мадрид како победник. Со две етапни победи, на трката на хронометар на 10. етапа и на планинската Алто де Пиорнал во четвртокот, поранешниот фудбалер стана првиот Белгиец по Јохан де Мајнк и неговиот триумф на Џиро Д’Италија во 1978 со победа на една од тринеделните трки.
„Не знам што ми поминува низ главата и телото во моментов. Знам само дека сум среќен што се оствари сонот и што покажав за што сум способен. Среќен сум што сум првиот со голема победа за Патрик Лефевр и Квик Степ. Ова е најголемиот момент во мојата кариера и го посветувам на моите родители, мојата свршеница и на колегите“, изјави Евенепел.
Извор: Топспорт