Малку познати детали од животот на кралот Чарлс Трети

Од:

Во моментот кога почина неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, нејзиниот најстар син стана крал Чарлс Трети, а тоа беше потврдено во саботата на свечена и шарена церемонија која датира од дамнина. Секако, многу се знае за новиот британски владетел, но има и детали, оние секојдневни ситници, кои можеби не се надалеку познати.

На пример, фудбалскиот клуб за кој навива е Барнли, кој испадна од Премиер лигата на крајот на минатата сезона. Поддршката на Чарлс за клубот започна пред десет години кога тој беше во истоимениот град во Ланкашир на хуманитарна работа.

Неговото омилено место за одмор е островот Крф, кога еднаш официјално го посетил, Чарлс рекол дека Грција му е во крвта и дека долго време е фасциниран од нејзината античка култура и историја.

Таткото на Чарлс, покојниот принц Филип, е роден на Крф како грчки и дански принц, единствениот син и петтото, последното дете на принцот Андреј од Грција и принцезата Алиса од Батенберг. И иако бил роден како грчки принц, Филип воопшто немал грчка крв, неговото сложено потекло било данско, германско, руско и британско.

Омилената песна на Чарлс, се тврди, е џез-стандардот од 1935 година, „Lulu’s Back in Town“, испеана од Дик Пауел, а новиот крал еднаш откри дека го потсетува на неговата баба.

Варените јајца се меѓу омилените на Чарлс и тој ги јаде секој ден без исклучок и сака да се варат точно осум минути. Неговата омилена торта е традиционална овошна торта, подготвена за неговиот 70-ти роденден од познатата слаткар Фиона Кернс. Чарлс ужива во овошјето набрано во градините на неговиот имот во Хајгров, а омилени му се сливите, вели поранешниот кралски готвач Дарен Мекгрејди.

Омилена пица му е „маргерита“, сака рижото со печурки со јагнешко месо, а печурките мора да се од неговата фарма, инаку нема да ги јаде. И ако случајно сака да нарача испорака на пица до Бакингемската палата, не може да се случи да нема доволно пари при рака, бидејќи палатата има свој банкомат на располагање на членовите на кралското семејство.

Неговиот омилен пијалок е чаша виски, особено брендот Laphroaig од бурниот остров Ислај на западниот брег на Шкотска. Се ширеше приказна дека Чарлс и неговата втора сопруга, сега кралицата Консорт Камила, исто така носат свои резерви од нивните омилени пијалоци на нивните патувања, сè за да го избегнат ризикот од труење.

Би можело да ве интересира

И кралицата Камила зема одмор и повремено се повлекува од должностите

А1он

На кралот Чарлс му бил дијагностициран рак

За време на крунисувањето, Чарлс ќе ја носи облеката што ја носеле неговите претходници

Анкета: 51 отсто од Британците се против владата да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс

Ана Ололовска

Бајден разговараше со кралот Чарлс Трети

Ана Ололовска

Кралот Чарлс Трети е седмиот британски монарх на поштенски марки, прв без круна

Ана Ололовска