„Велат дека времето ги лекува сите рани, но болката е сè уште таму, споменот за неа е сè уште таму, длабоко во срцето“, рече принцот Алберт од Монако, пред годишнината од смртта на неговата мајка, принцезата Грејс Кели.
Принцезата Грејс од Монако почина на 14 септември 1982 година, кога Алберт имал 24 години, откако автомобилот што го возела паднал од карпа на француската ривиера, пишува EFE.
Се шпекулираше дека зад воланот била Стефани која ја преживеала несреќата.