Холандската принцеза исфрлена од студентски дом: Се појавија закани за нејзината безбедност

Од:

Осумнаесетгодишната принцеза Кетрин-Амалија мораше да се исели од студентскиот дом во Амстердам и да се врати во палатата поради закани по нејзината безбедност, соопшти холандското кралско семејство.

Наследничката на холандскиот трон се преселила во Амстердам да студира, а дури и кралот Вилхелм-Александар зборувал за нејзината мака за време на државната посета на Шведска.

Кралицата Максима објасни дека принцезата едвај излегува од куќата.

“Оваа ситуација многу влијаеше на нејзиниот живот. Таа не може да живее во Амстердам, а всушност воопшто не може ниту да излезе од дома”, објаснила кралицата.

Амалија почнала да студира на Универзитетот во Амстердам во септември и се преселила таму, но набрзо се појавиле безбедносни закани, поради што била принудена да се врати во палатата во Хаг.

„Тешки и се последиците. Нема студентски живот, како другите нејзини колеги. Не е пријатно вашето дете да живее така“, додаде Максима.

Принцезата Амалија студирала политика, психологија, право и економија. Иако деталите за заканите не се откриени, неколку холандски медиуми објавија дека безбедноста на принцезата е зголемена поради заканите дека криминалните банди би можеле да ја нападнат или киднапираат.

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски