Несреќа во Нов Зеланд: Пет лица загинаа откако кит превртел чамец

Од:

Пет лица загинаа во Нов Зеланд кога се превртел поголем брод во кој се наоѓале загинатите, а се верува дека можната причина за несреќата е судар со кит, соопштија властите.

Полицијата соопшти дека чамецот долг 8,5 метри се превртел во близина на градот Каикура на Јужниот остров, а биле спасени уште шест лица кои се наоѓале на него.

Градоначалникот на Каикура, Крег Мекл, изјави за АП дека водата била мирна во моментот на несреќата и дека се верува дека китот излегол од под чамецот.

Тој изјави и дека и претходно се размислувало за можни судири меѓу чамци и китови, со оглед на нивниот голем број во регионот, но дека такви несреќи досега не биле евидентирани.

Каикура е популарна дестинација за гледање китови, а бројни компании нудат патувања со брод или возења со хеликоптери за да можат туристите одблиску да видат китови, делфини и други морски животни, пренесува американската агенција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Орка уби голема бела ајкула, нападот е снимен

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Спасени три лица на Дојранско езеро: Бурата ги повлекла во чамецот далеку од брегот

A1on

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите