Европската унија го суспендираше договорот за визно олеснување за Русија

Од:

Европскиот совет денеска донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија.

Од следната недела за руските граѓани ќе важат општите правила на визниот законик, што ќе резултира со зголемување на таксата за аплицирање за виза од 35 на 80 евра, потреба од поднесување дополнителна документација, продолжување на времето за обработка на визата и рестриктивни правила за издавање визи за повеќе влезови.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан рече дека денешната одлука е директна последица на постапките на Русија и доказ за европската посветеност кон УкрÐ �ина.

„Договорот за визно олеснување обезбедува привилегиран пристап до ЕУ за граѓаните од доверливи партнери со кои споделуваме заеднички вредности. Со својата неиспровоцирана и неоправдана агресорска војна, вклучително и неселективни напади врз цивили, Русија ја наруши довербата и ги погази основните вредности на нашата меѓународна заедница“, рече тој.

Одлуката, како што е најавено, веќе денеска ќе биде објавена во службениот весник на ЕУ, а ќе почне да се применува од понеделник, 12 септември.

Би можело да ве интересира

Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ

Прекинот на огнот на Зеленски почна два дена пред примирјето на Путин

ВИДЕО: Голем украински напад длабоко на руска територија, експлозии во неколку области

(ВИДЕО) Зеленски: Украинските дронови би можеле да ја таргетираат Парадата на победата во Москва

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украински дрон погоди луксузен облакодер во Москва

Катерина Ѓуровски

Захарова: Русија нема да дозволи Западот да си ја закопа главата во песок