Лион неочекувано е поразен на гостувањето кај Лориен (3:1) во заостанатиот натпревар од второто коло во францускиот шампионат.
Лориен дојде во водство по само шест минути со голот на Ле Фе. Александре Лаказет во 28. минута израмни на 1:1, но Лориен сепак замина на одмор со предност, откако погоди Мофи во 33. минута.
Оутара во 49. минута беше стрелец на третиот гол за домаќинот на овој меч.
Извор: Топспорт