Гарсија: Победивме благодарение на тимскиот дух

Од:

Тренерот на Лион, Руди Гарсија, ги пофали своите играчи по победата над Манчестер Сити (3:1), која го испрати францускиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите. Стручњакот му даде должна почит на авторот на два од головите Муса Дембеле и го призна тоа што го кажа напаѓачот пред мечот.

„Горд сум на моите играчи. Отсекогаш верувавме во сопствените сили. Бевме свесни дека не сме во улога на фаворит и се соочуваме со еден од најсилните тимови во светот. Нашиот успех главно се должи на тимскиот дух. Секој му помогна на другиот, а резервите се вклучија многу добро. Муса Дембеле беше разочаран што не беше во почетниот состав, но пред натпреварот му реков дека ќе игра важна улога кога ќе се појави на теренот. Како во првите две четвртфиналиња, повторно сè беше решено од играчите кои дојдоа од клупата“, истакна менторот на „децата“.

Додаде дека имале јасен план како да го одиграат натпреварот и ја освоиле тактичката битка.

„Сега имаме нови предизвици и ќе се обидеме да се справиме со нив“, додаде среќниот Гарсија.

Би можело да ве интересира

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна