Кина ќе го плаќа рускиот гас во рубљи и јуани

Од:

Рускиот гасен гигант „Газпром“ и кинеската корпорација CNPC потпишаа  договор според кој меѓусебните плаќања ќе ги префрлат исклучиво во националните валути на двете земји, објави руската државна компанија.

„Потпишани се анекси на долгорочниот договор за купопродажба на гасот преку источната рута на гасоводот Моќта на Сибир. Конкретно, беше направен премин за плаќање на испораките на гасот во Кина во националните валути рубљи и јуани“, се наведува во објавата на „Газпром“ објавен на Telegram.

Како што истакнува во писмената изјава челникот на руската компанија, Алексеј Милер, новиот механизам за плаќањето е полезно, навремено, сигурно и практично решени за двете страни.

„Верувам дека тоа ќе го поедностави пресметките, ќе стане одличен пример и за другите компании, ќе даде дополнителен поттик за развојот на нашите економии“, се додава во изјавата на Милер.

Милер, како претставник на „Газпром“ и претседателот на Управниот одбор на CNPC, Даи Хулијанг, разговарале и за проектите за испорака на гасот од Русија кон Кина по „далекуисточната“ рута, којашто руската компанија веќе почнала да ја проектира, како и за реализацијата на гасоводот Моќта на Сибир 2 во Русија и Источен сојуз во Монголија, коишто ќе ги поврзат руската и кинеската гасоводни мрежи.

Првата испорака на гас кон Кина преку гасоводот Моќта на Сибир започна кон крајот од 2019 година и изнесуваше 4,1 милијарди кубни метри во 2020 година, обем кој беше удвоен веќе следната 2021 година. Двете страни очекуваат дека проектираниот годишен капацитет од 38 милијарди кубни метри гас ќе биде достигнат од 2025 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците го нападнаа клучното пристаниште во Русија со поморски дронови

ВИДЕО: Русите уништија пет украински авиони Су-27

(ВИДЕО) Ненадејна посета на Орбан кај Зеленски: „Побарав прекин на огнот и преговори“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите објавија снимка од нападот на украински аеродром, Киев потврди дека им загуби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Орбан пристигна во Киев, еден ден откако Унгарија го презеде преседавањето со ЕУ

Катерина Ѓуровски

Украинци плаќаат по 8000 евра за да избегнат регрутација: седат затворени дома со месеци

Катерина Ѓуровски