Руските сили утрово извршиле напади врз Харков при што е уништена една станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти денеска украинскиот гувернер на регионот Олех Синехубов.
Тој информира дека „се разјаснуваат информации за евентуални жртви“ и оти во моментов нема хоспитализирани луѓе.
Синехубов претходно информира дека три лица загинаа во ракетен напад врз регионот Харков во текот на изминатиот ден, меѓу кои и една постара жена која почина синоќа во градот Харков.
Харков, вториот по големина град во Украина, е блиску до руската граница и постојано е цел на гранатирање од почетокот на руската инвазија.
– Во текот на ноќта, непријателот повторно изврши ракетен напад врз Харков, напиша Синехубов на Телеграм.
Тој изјави дека „во индустриската зона е оштетена двокатна зграда и уништена е приватна станбена зграда во која живеела 73-годишна жена, која загинала во нападот“.
Извор: МИА