ВИДЕО: Најмалку 65 мртви по силниот земјотрес во Кина

Од:

Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер вчера попладне ja погоди планинска област западно од кинеската провинција Сечуан, соопшти Кинескиот центар за земјотреси. Државната телевизија CCTV јавува дека најмалку 65 луѓе загинале, а имало и последователни потреси во текот на денот.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, соопшти центарот, на околу 180 километри југозападно од главниот град на Сечуан, Ченгду.

Некои патишта и куќи во близина на епицентарот се оштетени од лизгање на земјиштето, додека комуникациите беа прекинати во најмалку една област, според државната телевизија.

Лаура Луо, која живее во Ченгду, град со околу 21 милион жители, се враќала во својот станбен блок кога видела дека луѓето во нејзиното соседство панично бегаат од облакодерите откако добиле предупредувања за земјотрес на нивните телефони.

Најсилниот земјотрес во Сечуан беше во август 2017 година со јачина од 7 степени според Рихер и ја погоди префектурата Аба.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија