Финска и Шведска објавија дека обезбедиле милијарди евра гаранции за да им обезбедат ликвидност на електроенергетските компании во период на силен раст на цените на пазарите на електрична енергија. Финска има намера да им понуди на компаниите 10 милијарди евра, а Шведска 250 милијарди евра.
„Програмата на Владата е последната опција за финансирање на компаниите на кои инаку би им се заканувала неликвидност“, рече финската премиерка Сана Марин на прес-конференција. Финската државна енергетска компанија Фортум минатата недела ги повика нордиските регулатори да преземат итни мерки за да се спречи бранот банкротства во енергетскиот сектор.
Тие се задоволни од предлозите на Хелсинки и Стокхолм. „Ние сме благодарни на финската и шведската влада што дејствуваа брзо за да го стабилизираат нордискиот пазар за финансиски производи и да ги поддржат нордиските енергетски компании во криза“, објави компанијата на Твитер.