Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди планинската провинција Сечуан во западна Кина, соопшти Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил на мала длабочина од 10 километри, на околу 200 километри југозападно од метрополата Ченгду.
Земјотресот се случил во 12:52 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени луѓе и материјална штета.
Извор: МИА