Шестмина повредени при напад врз автобус во Западен Брег

Од:

Шест војници и цивили денеска се повредени откако вооружени Палестинци отворија оган врз автобус во Западен Брег, соопшти израелската армија.

По инцидентот две лица се уапсени, под сомнение дека со извеле нападот на главниот автопат во Западен Брег.

Хамас, кој владее со Појасот Газа, го пофали вооружениот напад во Западниот Брег и го нарече „одговор на злосторствата на окупаторите“, но не презеде одговорност.

Израел го освои Западниот Брег во Шестдневната војна во 1967 година и таму изгради десетици еврејски населби. Поголемиот дел од меѓународната заедница ги смета населбите за нелегални и пречка за мир со Палестинците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“