Старџен планира изборите во Обединетото кралство да ги претвори во референдум за независност на Шкотска

Од:

Шкотската премиерка Никола Старџен остро ја критикуваше идејата за промени во британскиот Закон за референдум, што ќе ги уништи надежите на оние кои се залагаат за независност на Шкотска, оценувајќи го како потег на „очајни“ и луѓе „кои се плашат да не загубат“.

Но, доколку не може референдумот за независност да се одржи следната година, како што претходно најави лидерката на Шкотската национална партија (СНП), следните општи избори во Велика Британија таа ќе ги издигне во „де факто референдум“ за независноста на Шкотска.

Весникот „Сандеј тајмс“ објави дека планот што го разгледува владата во Лондон ќе значи дека повеќе од половина од целокупното шкотски електорат, наместо мнозинството како што е моментално, ќе треба да гласаат Шкотска да ја напушти Велика Британија пред да биде дозволено отцепување.

Весникот наведува дека планот ќе бара докази дека најмалку 60 отсто од гласачите сакаат нов референдум за независност повеќе од една година пред британската Влада воопшто да го разгледа.

И доколку референдумот навистина се одржи, тогаш најмалку половина од сите шкотски гласачи ќе треба да гласаат за напуштање на Обединетото кралство – наместо мнозинството од оние што гласаа, каков што беше случај на референдумот за независност во 2014 година и на гласањето за Брегзит во 2016 година.

Старџен во твит вчера напиша: „Само оние кои се плашат од пораз чувствуваат потреба да ги сменат демократските правила. Овој очаен предлог е доказ дека случајот за независност победува“.

Старџен веќе јасно стави до знаење дека е решена да одржи второ гласање за независност во октомври 2023 година, но за да го стори тоа треба Врховниот суд на ОК да одлучи дека таквото гласање може да се одржи без согласност на државниот парламент.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски