Бериша и Мета се договорија: Ќе спроведат силна опозициска активност против Владата

Од:

Поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша изјави дека со поранешниот претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, се договориле да бидат заедно на најавените септемвриски протести.

Бериша истакна дека со Мета се согласуваат за „силна опозициска акција за соочување со овој режим, кој секојдневно го зацврстува својот монизам во земјата“.

Бериша додаде дека со Мета ќе бидат силна опозиција, чија цел е да ја спасат државата и да ја вратат надежта кај граѓаните.

– Се сретнав со господинот Мета. Не одредивме датум за протест. Се договоривме за моќна опозициска акција за соочување со овој режим, кој секојдневно го заострува својот монизам во државата, со кражбите и грабежите на албанските граѓани и со владеењето на криминалот, наведе Бериша.

Тој додаде дека случувањата во изминатите два дена се „случувања кои во нормална држава потсетуваат на делумни државни удари“.

– Вие сте премиер, но не можете да го смените директорот на државната полиција без силни и јавни мотиви. Го разрешуваш само за подли цели, кога не ги кажуваш мотивите. Вие сте премиер, но не можете да го смените директорот на Агенцијата за разузнавање без да го разрешите директорот, посочи Бериша.

Тој го наведе и примерот со директорот на Агенцијата против перење пари, кој, според него, како и другите, е разрешен без образложение.

– Во отсуство на причини за отказ, секој граѓанин има право да верува дека имало лични причини. Затоа што за кланот Рама се зборува во сите афери, изјави Бериша.

Претходно и двајцата најавија масовни протести кои ќе ги почнат овој месец.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија