Стапката на невработеност во еврозоната во јули изнесува 6,6 отсто, што е намалување за 1,1 отсто во однос на јули минатата година, објави денеска Евростат.
Стапката на невработеност во цела ЕУ во јули изнесуваше шест отсто, што е помалку од јули минатата година кога изнесуваше 6,9 отсто.
Евростат проценува дека 12,9 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 10,9 милиони во еврозоната, биле невработени во јули оваа година.
Споредено со јуни 2022 година, бројот на невработени е намален за 113.000 во ЕУ и за 77.000 во еврозоната.
Податоците на Евростат покажуваат дека во јули годинава во ЕУ невработени биле 2,6 милиони луѓе на возраст до 25 години, од кои 2,17 милиони се во еврозоната.
Пред два месеци, стапката на невработеност меѓу младите беше 14 отсто во ЕУ и 14,2 отсто во еврозоната, а во споредба со јули 2021 година, невработеноста кај младите во ЕУ се намали за 329.000, односно за 244.000 ако се погледнат само земјите од ЕУ каде што еврото се користи како валута.
Во јули, стапката на невработеност кај жените во ЕУ е 6,4 отсто, а кај мажите 5,7 отсто, додека во еврозоната таа изнесува седум отсто за жените и шест отсто за мажите.
Извор: МИА