Унгарија потпиша договор со Русија за дополнително снабдување со гас, објави вчера владиниот портпарол Золтан Ковач. Според договорот, во Унгарија ќе се испраќаат до 5,8 милиони кубни метри гас дневно „надополнително на договорената количина што е веќе на сила“, рече тој.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој моментално се состанува со другите министри за надворешни работи на ЕУ во Прага, рече дека договорот, кој преку Србија ќе испраќа гас во Унгарија, значи: „Ќе имаме доволно гас во Унгарија“.
Пред руската инвазија на Украина, Унгарија потпиша долгорочен договор за добивање 3,5 милијарди кубни метри гас од Русија годишно преку гасоводот „Турски тек“ и дополнителни милијарда кубни метри гас од Австрија, пишува Politico.
Унгарија е силно зависна од руските енергетски извори, добивајќи околу 80 отсто од својот гас од Гаспром и се противи на какви било санкции на ЕУ за рускиот гас. Будимпешта е најгласниот бранител на Кремљ меѓу земјите на ЕУ. „Газпром“ ги запре или ограничи испораките за десетина земји-членки, а вчера го затвори подморскиот гасовод „Северен тек“ Русија-Германија на три дена заради одржување.