Невремето откорна една од трите врби во Вардар платени 278 илјади евра, дел од „Скопје 2014“

Од:

Невремето ја откорна и уништи една од трите врби во Вардар, дел од проектот „Скопје 2014“. Искршеното дрво, со е паднато во водите на матната река, како последица на силниот ветер.

Граѓаните уништеното дрво можеа да го видат и по еден ден од невремето. Засега Град Скопје, под чија надлежност е ова стебло, нема јавно искажано став што ќе прави со празната жардинера.

Уништената врба е дел од скулптурата „Три врби во реката Вардар“ од авторката Искра Димитрова. Таа беше поставено во бетонска жардинера. Проектот чинеше 278 илјади евра, иако првично беше планирано да се потрошат 250 илјади евра. Сумата беше зголемена поради дополнителни работи.

Во вчерашното невреме, според првичните пријави, беа оштетени 20 возила, 15 покриви, поплавени 80 објекти во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна бура го погоди Пожаревац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тотален хаос во Пожаревац, сè е уништено, силни налети на ветер, штетата е огромна

Горан Наумовски

Крагуевац е погоден од силна бура, при што силните ветрови дури и соборија дрво

(ВИДЕО) Силни дождови ја погодија Анкара, делови од градот се поплавени

Горан Наумовски

Еден загинат, повеќе од 100 евакуирани во невремето што ја погоди Јужна Кореја

Петмина повредени во невреме во Белград