На барање на албанското Специјално јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Управата за матична евиденција со одговор дека претседателот на Партијата на слободата и доскорешен шеф на албанската држава, не ги променил податоците во граѓанската евидениција, каде што е заведен како Илир Метај.
Ова е официјално потврдено за СПАК како одговор во интерес на истрагата за кривичната постапка со број 122 започната против Мета, со што оваа институција, почна да ги добива првите одговори од институциите во врска со барањата што ги упатила за истрагата.
-Како одговор на вашиот допис бр.7052, адресиран до генералната дирекција за граѓанска состојба, доставен за потребите на истрагата на кривичната постапка бр.122 од 2022 година, по извршените проверки произлегува дека е пријавен државјанин според податоците дадени со име и презиме Илир Метај, татко Реџеп, мајка Фиќирете, роден во Чепан, Скрапар на 24.03.1969 година, граѓанска состојба, оженет. По направените проверки, наведениот граѓанин нема промени во идентитетот на неговиот граѓански статус, се наведува во дописот.
Мета, во врска со неговиот идентитет, реагираше вчера доцна попладне велејќи дека „никој не треба да се грижи за неговото презиме кое било и е Метај“.
-Јас сум и секогаш ќе бидам Илир Реџеп Метај, роден на 24 март во Чепан кај Скрапар и немам причина да не се гордеам само со моето име, туку и со моето презиме, рече Мета.
Мета, чиј петгодишен мандат заврши на 24 минатиот месец не даде објаснувања зошто за пет години на чело на државата потпишаните укази се со Илир Мета, а не со Илир Метај.
Барања од СПАК биле испратени до банки, Управата за даноци, Централна изборна комисија, Катастар и други институции.
Извор: МИА