Шолц: Германија сега е во многу подобра позиција да се спротивстави на Русија за снабдувањето со гас

Од:

Германија сега е „во многу подобра позиција“ да се соочи со „заканите“ од Русија, вклучително и гасната криза што настана по руската инвазија на Украина, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц. Рускиот гигант Газпром се подготвува утре на три дена да ја прекине испораката на гас преку гасоводот Северен тек поради „одржување“.

Сите мерки што Германија ги презеде за да го гарантира своето снабдување „придонесоа денес да бидеме во многу подобра ситуација отколку што се предвидуваше пред неколку месеци“, рече Шолц пред состанокот на владата во Мезеберг, недалеку од Берлин.

– И можеме да се справиме со заканите со кои се соочуваме од страна на Русија, која го користи гасот како стратегија во војната против Украина, додаде Шолц.

Германија е силно зависна од рускиот гас и бележи силен пад на испораките од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски